РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У16 поразена од репрезентацијата на Турција на УЕФА турнирот во Струмица

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 16 години го претрпе и вториот пораз на развојниот турнир што се одржа во Струмица под покровителство на УЕФА.

Избраниците на селекторот Иљами Исејни овој пат беа убедливо поразени од селекцијата на Турција со 4:0.

Турција поведе уште во 11. минута, кога по лоша интервенција на Митко Стојанов и несигурна реакција на голманот Иљан Мемети, топката заврши во мрежата на Македонија.

Само шест минути подоцна, Харман ја зголеми предноста на 2:0, а истиот фудбалер во 29. минута постигна уште еден гол за убедливи 3:0.

Во финишот на првото полувреме, Македонија имаше шанса да намали, но ударот на Дардан Адеми заврши покрај дирекот.

Во второто полувреме, нашата селекција пропушти две одлични можности во само една минута. Во 57. минута, Стефан Ристиќ излезе сам пред голманот на Турција, но не успеа да реализира, а веднаш потоа Велески се закани со силен удар од дистанца, кој турскиот голман го одбрани.

По пропуштените шанси, следуваше нов погодок за противникот. Во 67. минута, Берат Кадир Јавуз ги постави конечните 4:0.

До крајот на натпреварот, Македонија имаше уште една прилика за почесен гол, но ударот на Ристиќ заврши покрај голот.

Во вториот натпревар од последното коло, Узбекистан ја совлада Северна Ирска со 3:2.

МАКЕДОНИЈА: 1. Иљан Мемети (12. Димитар Петров 46), 4. Матеј Бочески (3. Михајло Петров 46), 5. Матеја Масев, 6. Митко Стојанов (10. Павел Стојанов 46), 7. Александар Полимац (Арди Бајрами 46), 8. Дардан Адеми (23. Благоја Седлоски 65), 9. Стефан Ристиќ, 15. Илија Аксентиев (2. Филип Ѓорѓиоски 78),  18. Адријан Велески (14. Марко Стојчевски 78), 19. Џихан Ибраими (17. Огнен Сивевски 46), 21. Далибор Марковиќ (20. Осман Исмаили 46).

Селектор: Иљами Исејни

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Костиќ: Не очекува тешко лето, Европската лига носи големо значење за нас

Интернационалецот Лука Костиќ и техничарот на Штип УГД, Давид Стојанов беа дел...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јонузи: Со нова енергија и оптимизам влегуваме во Европската лига

Организаторот на играта на женската сениорска репрезентација на Македонија, Ерјона Јонузи, во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски го скрати списокот, Македонија продолжува со подготовки во Скопје

Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб решија да им овозможат краток...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Хаџииљоски: Вие сте гордоста и иднината на македонската одбојка

Потпретседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Ивица Хаџииљоски, заедно со генералниот секретар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!