Македонија ЃП е многу блиску до експресно испаѓање во Втора лига, а причина е поразот од 28. коло на Првата лига во Битола, каде „лавовите“ беа поразени од Пелистер со 2:0.
Сега тимот од Ѓорче кој го запиша шеснаесеттиот сезонски пораз е на претпоследното 11. место на табелата со 24 бодови, пет помалку од деветтото место кое води кон баражот за опстанок, а дури 11 бодови помалку од зоната за директен опстанок.
До крајот во игра остануваат уште 15 бодови, а до крајот Македонија ЃП ќе одигра уште неколку клучни мечеви.
Во следното коло Македонија ЃП ќе игра против Работнички, меч кој ќе мора да се добие, со пораз веќе ќе биде ставен печат на билетот кој води кон Втора лига.
Потоа тимот од Ѓорче ќе игра со Шкупи, Тиквеш, па следува Башкими и во последното коло против Силекс.
Минатата сезона Македонија ЃП стана шампион во Прва лига и обезбеди експресно враќање во елитата, но по се изгледа тимот ќе се врати во Втора лига експресно.