Ракометарите на Вардар 1961 повторно се искачија на врвот во Купот на Македонија, откако во неизвесно финале во Струмица славеа против Охрид со минимални 24-23. „Црвено-црните“ покажаа повеќе смиреност во клучните моменти и стигнаа до нов, вкупно 18-ти трофеј во ова натпреварување.
Вардар подобро го отвори натпреварот и рано создаде предност од неколку голови разлика, која ја одржуваше во најголем дел од првото полувреме. Сепак, охриѓани не се предадоа, постепено ја топеа негативата и во самиот финиш од првиот дел успеаја да се вратат во игра, па на пауза се замина со минимална предност на скопскиот тим (13-12).
Во продолжението, Охрид заигра поагресивно и во еден период целосно го сврте текот на натпреварот, стигнувајќи и до водство од три гола (20-17). Во тие моменти изгледаше дека „гладијаторите“ се поблиску до трофејот, но Вардар не дозволи пад и со серија одбрани и погодоци брзо се врати во егал.
Финишот донесе вистинска драма. При резултат 23-24, Вардар не искористи напад за да ја затвори приказната, па Охрид доби последна шанса за израмнување. Сепак, обидот за атрактивен „цепелин“ не беше реализиран и времето истече, по што започна големото славје на вардарци.
Херој на завршницата беше голманот Валах со неколку клучни интервенции, додека во нападот се истакнаа Малус и Хориха. Кај Охрид, Ѓукиќ и Јасухира беа најрасположени, но тоа не беше доволно за историски успех.
Вардар со овој триумф ја потврди својата доминација во Купот, а воедно останува во трка и за двојна круна сезонава, додека Охрид, и покрај поразот, покажа дека има тим за големи дострели.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Екипата на Шкендија доживеа неочекуван пораз на домашен терен, откако загуби со 2-3 од Башкими во рамки на 29. коло од Првата македонска...
Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот меѓу Македонија и Ирска во рамките на претквалификациите за Евробаскет 2029, информира дека од денеска...
Охрид се подготвува за еден од најважните натпревари во сезоната – реваншот...
Ракометниот клуб Вардар продолжува со градење на тимот за следната сезона, откако...
На четири кола до крајот од сезоната во ракометната Супер лига, веќе...
По европскиот предизвик против Целје, ракометарите на ГРК Охрид се насочуваат кон...