Трета лигаФудбал

Трите бодови останаа во Берово, Никола Костадинов е херој на Победа Валадново за славје во Дојран

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели



Победа Валандово успеа да го преживее Дојран откако благодарение на голот на Никола Костадинов во 76. минута славеше со минимални 0:1 над Дојранско Езеро во дербито на Југот, во рамки на 17. коло на Трета лига – Исток.

Еден гол го одлучи победникот во Берово, Малеш со минимални 1:0 го доби Карбинци, а благодарение на автоголот на Тоше Спиридонов, кој си постигна автогол.

Без победник заврши мечот меѓу поранешните прволигаш Хоризонт Турново и Брегалница од Делчево (1:1), откако за домашниот тим во 15. минута погоди новото засилување Петар Илиев, а за гостинот во вториот дел погоди Никола Стоиловски во 61. минута.

Сепак, домашниот тим по мечот најави жалба, бидејќи како што се вели во истата, жалбата се поднесува поради неправилна измена од игра излегува младинец од гостинската екипа со број 16, а влегува играч со број 42 кој не е младинец, па според жалбата гостинската екипа првото полувреме го завршила со двајца младинци.

Останува да видиме која екипа ќе го добие „третото полувреме“ и дали ќе има службена победа или резултат од 1:1 ќе биде конечен.

На врвот е Овче Поле со 37 бодови, Победа Валандово е втора со 32 бодови, но и со два натпревари помалку.



Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а Интернационал Мастерс Куп 2026 продолжува да ја зацврстува својата...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и притисок, „Охрид Куп 2026“ носи нешто поинакво – турнир кој ја...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шок во Тетово: Башкими ја урна Шкендија, Вардар блиску до титула

Екипата на Шкендија доживеа неочекуван пораз на домашен терен, откако загуби со...

Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го победи Силекс и го „запечати“ третото место

Струга Трим Лум со 2-0 го победи Силекс во 29. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!