ФудбалЧетврта лига

Огражден го „спушти на земја“ Спартмани и го симна од врвот, реми во Злеово, Дрвош се „испука“ во Пиперово

Сподели
ФОТО: ФК Огражден
Сподели



Првото пролетно коло во Општинската фудбалска лига во Струмица донесе промени во врвот од табелата откако есенскиот шампион Спартмани загуби од Огражден со високи 1:3.

Четири погодоци беа постигнати во Радово за славје на тимот од Ново Село со што Спартмани го загуби врвот.

Никола Тасев беше двоен стрелец, а еден гол беше дело на Живко Гоцев.

Екипата на Дрвош со три „проектили“ во Пиперово славеше над Единство (0:3), додека пак во радовишко Злеово немаше победник откако Слога и Интер Кукла ги победија бодовите играјќи 2:2.

Трите бодови останаа во Добрејци откако Илинден со 3:0 го доби „фенерџијата“ Напредок од Радово.

Интер Кукла е на врвот со 17 бодови на своето конто, додека пак Спартмани е втор со 16 бодови.

Тимот на Огражден сега е трет со 15 бодови, а пак Слога од Злеово е четврта и има 14 бодови. Со по 13 бодови Дрвош и Илинден го делат петтото место, а пак Единство од Пиперово останува претпоследен со само три бодови.

Како што ја заврши 2025 година, така и ја започна 2026 – тимот на Напредок од Радово е на дното со нула бодови и има осум порази од толку мечеви.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!