Ракомет

Ѓорче Петров го задржа тронот по драматично финале, Спартак покажа дека доаѓа нова сила

Сподели
Сподели

Ракометарките на Ѓорче Петров уште еднаш потврдија дека се доминантна сила во македонскиот женски ракомет, откако во финалето од Купот на Македонија во Струмица го совладаа храбриот Спартак со 33-30 и го одбранија трофејот.

Иако фаворит на хартија, „лавиците“ не дојдоа лесно до победата. Спартак одигра одличен натпревар и во повеќе наврати сериозно му се закани на искусниот ривал. Во текот на првото полувреме се водеше израмнета борба, но во самиот финиш Ѓорче Петров успеа да создаде позначајна предност и на паузата замина со водство.

Во вториот дел, актуелниот шампион ја зголеми разликата и во еден момент изгледаше дека го контролира текот на натпреварот, но ракометарките на Спартак не се предадоа. Со серија добри напади и цврста одбрана, тимот од Кисела Вода успеа да се врати во игра и да внесе неизвесност во завршницата.

Во последните минути, кога се кршеше резултатот, пресуди искуството на ѓорчепетровки кои беа посмирени и поконкретни во клучните моменти, па не дозволија изненадување и стигнаа до нов трофеј – вкупно 19-ти во ова натпреварување.

И покрај поразот, Спартак остави одличен впечаток. Со пласманот во своето прво финале и со изданието против фаворитот, јасно стави до знаење дека располага со квалитет и потенцијал за големи дострели во иднина.

Финалето во Струмица донесе возбудувања, квалитетен ракомет и потврда дека покрај доминацијата на Ѓорче Петров, македонскиот женски ракомет добива нови амбициозни предизвикувачи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!