Ракомет

Спартак испиша историја – преку Чаир до прво финале во Купот

Сподели
ФОТО: ЖРК Спартак
Сподели

Ракометарките на Спартак направија големо изненадување и изборија историски пласман во финалето на Купот на Македонија, откако во драматичен полуфинален дуел го совладаа фаворизираниот Чаир со 24-23.

Натпреварот во Струмица понуди цврста игра и голема борба од двете страни. Во воведниот дел се играше израмнето, но во финишот на првото полувреме Спартак успеа да наметне свој ритам и да замине на пауза со предност од 13-10.

Во второто полувреме Чаир се врати во игра и успеа да израмни, внесувајќи неизвесност во завршницата. Дополнителен проблем за Спартак беше исклучувањето на една од клучните ракометарки, но и покрај тоа тимот од Кисела Вода покажа карактер и не дозволи пресврт.

Во последните минути се играше гол за гол, но Спартак успеа да ја сочува минималната предност и да стигне до најголемиот успех во својата историја. Голманките имаа значаен придонес, а во нападот тимот беше доволно присебен во клучните моменти.

Во финалето, Спартак ќе се соочи со бранителот на трофејот Ѓорче Петров, кој претходно убедливо го елиминираше Пелистер.

Натпреварот за титулата е закажан за утре во салата „Парк“ во Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Кога има желба има и услови: Липково со перфектен фудбалски терен

Фудбалскиот терен во Липково денес изгледа како вистинска спортска оаза, со зеленило во полн сјај и рамен терен кој овозможува одлични услови за...

Прва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ одлучи: Башкими казнет четири натпревари и 5.000 евра казна

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да го казни ФК Башкими 1947 Куманово со забрана за играње на домашен терен...

Поврзани написи
Ракомет

РК Феникс врши уписи: Нова можност за младите ракометари од Радовиш

Новиот ракометен проект во градот, РК Феникс, официјално започна со упис на...

Ракомет

Познати арбитрите за полуфиналето во Европскиот Куп!

ЕХФ ги одреди службените лица за полуфиналниот двомеч во Европскиот Куп, во...

Ракомет

Охрид се подготвува за Целје – отворен фан шоп за навивачите

Во пресрет на полуфиналниот натпревар со Целје во Словенија, ГРК Охрид ги...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!