Ракомет

Кукуловски пред Куп- финалето: „Веруваме во себе – ќе се бориме до крај!“

Сподели
Сподели

Охрид утре ќе игра историско финале во Купот на Македонија против Вардар, со јасна цел – да се заокружи една од најуспешните сезони во клупската историја. По одличната форма и серијата позитивни резултати, охриѓани со голема самодоверба влегуваат во борбата за трофејот.

Левиот бек на Охрид, Дејан Кукуловски, во изјава за Спортска Мрежа го најави историското Куп- финале на својот тим. Најпрво, тој истакна дека пласманот во финалето е историски успех за клубот, но и резултат на напорната работа и одличната атмосфера во тимот.

„Најпрво, голема чест и задоволство е што за првпат во историјата на клубот сме дел од финалето на Купот. Ова е резултат на напорната работа, дисциплината и посветеноста на целиот тим. Во добра форма сме, врзавме серија победи на повеќе фронтови – во Суперлигата, Купот и во ЕХФ Купот, што секако позитивно влијае на нашата самодоверба и атмосферата во екипата. Дополнително, двете победи против шампионот Еурофарм Пелистер ни даваат уште поголема самодоверба.“

ФОТО: ГРК Охрид

Во продолжение, Кукуловски се осврна на финалниот дуел со Вардар, нагласувајќи дека тимот е подготвен за предизвикот и верува во своите квалитети.

„Утре нè очекува тежок натпревар против Вардар, кој има искуство и квалитет, но ние сме максимално подготвени. Клучно ќе биде да останеме фокусирани, дисциплинирани во одбраната и трпеливи во нападот. Веруваме во себе и во тимот, сигурни сме дека имаме квалитет и дека секој од нас ќе го даде својот максимум и ќе се бори до крај. Големата поддршка од трибините ќе ни биде дополнителен мотив.“- изјави Кукуловски за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Финалето е закажано за недела од 20:00 часот во Струмица, каде Охрид ќе има шанса да испише историја и да го освои првиот трофеј во Купот на Македонија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!