Ракомет

Прибетиќ пред Куп- финалето: „Знаеме против кого играме, но веруваме во себе!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид и Вардар ќе се соочат во големото финале на Купот на Македонија, кое утре ќе се одигра во Струмица. По одличните изданија во полуфиналето, охриѓани со многу самодоверба влегуваат во битката за трофејот, каде ги очекува најтрофејниот македонски клуб.

Пивотменот на Охрид, Џанфранко Прибетиќ, го најави утрешното финале. Тој најави тежок и неизвесен натпревар, потенцирајќи дека тимот верува во своите шанси и е подготвен да се надигрува со фаворитот.

„Нè очекува тежок натпревар во финалето на Купот против екипата на Вардар. Верувам дека ќе биде еден возбудлив натпревар во кој двете екипи ќе дадат се од себе и нека победи подобриот. За екипата на Вардар не треба многу да се зборува, сите знаеме за каква екипа се работи, а ние се надеваме дека ќе им ги измешаме математиките.“- изјави Прибетиќ.

ФОТО: ГРК Охрид

Финалето е закажано за недела од 20:00 часот во салата „Парк“ во Струмица, каде Охрид ќе се обиде да го направи најголемиот успех во клупската историја и да го освои првиот Куп-трофеј.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!