Втора лигаФудбал

Рајков е херојот на Брегалница, фаворитите до три бода, Осогово го доби Тетекс, реми без голови во Струмица

Сподели
Сподели



Брегалница го освои Радовиш откако со минимални 0:1 славеше над Детонит Плачковица во дербито на 25. коло на Втора лига, благодарение на голот на Бојан Рајков кој беше единствен стрелец на мечот.

Меч полн со предизвици особено во вториот дел, кога Филип Купанов истрча за да собере топка и доби црвен картон во тој дуел бидејќи излезе надвор од својата зоната, Капсаров беше повлече во игра за да влезе Никола Филевски, кој одлично се покажа на голот и ја сочува чиста мрежата.

Трите бодови беа прославени со верните навивачи кои пристигнаа во Радовиш да дават силна поддршка.

Фаворитите беа според планот – Скопје со убедливи 7:0 го декласираше тимот на Каменица Саса. Горјан Цветков и најдобриот стрелец Виктор Ангелов беа стрелци на по три гола, а еден гол беше дело на Бесмир Даци.

Шкендија Арачиново со убедливи 5:0 го доби тимот на Победа преку двата гола на Зани Назифи и погодоците на Бесар Исени, Дарио Десниќ и Владимир Жоглев.

Охрид очекувано славеше висока победа над Преспа од 6:1, со што и официјално тимот од Ресен испадна во Трета лига – Југ.

Уште во првиот дел „рибарите“ имаа предност од 5:0 против „јаболкарите“ откако Иван Глигоров го отвори резултатот по две минути игра, а потоа стрелаа Албнор Каба, Димитриј Димитриевски, Дарко Илиески и Димитриј Попоски. Во вториот дел искусниот Нико Пластиновски намали на 5:1, а потоа Лео Андрески беше прецизен за конечни 6:1.



Вардар Неготино сам си пресуди и ја реши судбината следната сезона да игра во Трета лига – Југ, откако одигра 3:3 против Слога во Виница.

Гостинот имаше дури два гола предност откако Аган Алиу погоди за 0:1 во 18. минута, осум минути подоцна Оливер Тодоров постигна гол за 0:2.

Осогово преку пресврт со 2:1 славеше на домашен терен над Тетекс. Гостите преку Меритон Салији го отворија резултатот во 26. минута, а потоа во 33. минута Дамјан Стојковски израмни на 1:1. Во вториот дел Христијан Поп Антоски погоди за триумф и три бодови за „жетварите“.

Потоа домашниот тим успеа да израмни на 2:2 преку Михаил Воинов во 31. минута, а четири минути подоцна Христијан Ристов.

Во второто полувреме се случи комплетен пресврт откако Воинов со втор гол обезбеди 3:2. До крајот од мечот успеа израмни на конечните 3:3 преку втор гол на Алиу.

Единствениот меч без погодоци беше тој во Струмица каде Беласица и Кожуф одиграа 0:0.

Колото се затвара утре со мечот меѓу Големо Коњари и Новаци, каде гостинот е голем фаворит за трите бодови.



На врвот нема промени – Брегалница е прва со 58 бодови, а второто место го делат Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново со по 56 бодови.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид се подготвува за Целје – отворен фан шоп за навивачите

Во пресрет на полуфиналниот натпревар со Целје во Словенија, ГРК Охрид ги информира своите навивачи за можноста да обезбедат клупски реквизити и да...

Ракомет

Вардар го доби најголемиот спонзор во историјата на клубот!

РК Вардар и Касино Аустрија Интернешанал Македонија на заедничка прес-конференција официјално го промовираа своето партнерство, со кое компанијата станува еден од главните поддржувачи...

Поврзани написи
Фудбал

Уапсен е Муамед Сејдини – истрага за проневера од 700.000 евра!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен...

Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на...

Трета лигаФудбал

Хоризонт Турново службено го доби мечот со Брегалница Делчево

Натпреварот од 17. коло на Трета лига – Исток меѓу Хоризонт Турново...

Трета лигаФудбал

Стојановски: Сигурно одиме кон бараж – Еуромилк ГЛ заслужува Втора лига

Некогашниот прволигаш Еуромилк од Горно Лисиче го трасира патот кон враќање во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!