Прва лигаФудбал

Пелистер сигурен против Македонија ЃП, важни бодови во битката за опстанок

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Фудбалерите на Пелистер одиграа квалитетен натпревар и сосема заслужено славеа со 2-0 против Македонија ЃП, правејќи значаен чекор во борбата за опстанок во Првата македонска лига.

Битолчани уште од стартот ја презедоа иницијативата и постојано се закануваа кон противничкиот гол. Иако создадоа повеќе можности во првото полувреме, реализацијата изостана, па на пауза се замина без голови, и покрај неколкуте сериозни закани, особено преку Спировски и Булатовиќ.

Домашниот тим конечно го скрши отпорот на гостите веднаш на стартот на вториот дел. По добро изградена акција, капитенот Мирко Ивановски беше на вистинското место и донесе водство од 1-0. Работите дополнително се олеснија за Пелистер по исклучувањето на играч на Македонија ЃП, што овозможи уште поголема контрола на теренот.

Победата беше заверена со вистински еврогол на Србијанац, кој со силен удар од дистанца ја затресе мрежата за конечни 2-0. До крајот, Пелистер можеше и поубедливо да слави, но не ги искористи шансите.



Со овие три бода, Пелистер се искачи на деветтата позиција со 29 бодови, додека Македонија ЃП останува во опасната зона и ја продолжува негативната серија без победа.

Во следното коло, битолчани ќе гостуваат кај Брера, додека Македонија ЃП ќе има нов тежок предизвик против Работнички.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!