Прва лигаФудбал

Тренинг победа за Вардар, Шкупи очекувано декласиран

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Вардар продолжува со сигурни чекори кон врвот во Првата македонска лига, откако во рамките на 28. коло убедливо го совлада Шкупи со високи 7-0. „Црвено-црните“ од самиот старт ја наметнаа својата игра и не оставија простор за изненадување.

Уште во првите минути беше јасно дека иницијативата е на страната на вардарци, кои создадоа неколку изгледни шанси, а првиот гол пристигна преку Горан Закариќ. Иако ситуацијата беше проверувана со ВАР, погодокот беше признат и ја отвори серијата голови.

До паузата Вардар ја зголеми предноста преку Давид Бабунски и автоголот на Ендрит Рустеми, со што на полувреме се замина со убедливи 3-0.

Во вториот дел, доминацијата продолжи. Тодоровски погоди за 4-0, а потоа следуваа голови на Цветковиќ и Спахиу за дополнително зголемување на разликата.

Конечниот резултат го постави Азер Омерагиќ во самиот финиш за убедливи 7-0.

Со оваа победа Вардар ја задржува лидерската позиција и ја продолжува трката за титулата, додека Шкупи немаше одговор на разиграниот противник.

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Арсими е последниот патник во четвртфиналето откако преку пресврт ја доби Брера во Струмица

Прволигашот Арсими е последниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако во осминафиналето славеше над второлигашот Брера во Струмица преку пресврт со...

Младински фудбалФудбал

Ѓорги Христов: Резултатите во младите категории се важни, но уште поважно е колку фудбалери ќе успееме да создадеме за А репрезентацијата!

Техничкиот директор на младинските национални тимови, Ѓорги Христов, на брифингот со медиумите говореше за досегашните резултати, предизвиците со кои се соочуваат младинските селекции,...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Арсими е последниот патник во четвртфиналето откако преку пресврт ја доби Брера во Струмица

Прволигашот Арсими е последниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако...

ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив во Кавадарци, три бода за Јувентус Серава, Шкупи ја доби голеадата со СЕЕ Университи

Јувентус Серава стигна до триумф над Железарец на гостински терен добивајќи го...

КупФудбал

КУП: Ангелчо Ристов ќе им суди на Брера Струмица и Арсими

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на денешниот меч меѓу Брера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!