Кошарка

Скопје ќе биде домаќин на Европската конвенција за минибаскет

Share
ФОТО: КФМ
Share

Во периодот од 4 до 7 јуни, Скопје ќе биде центар на европската мини-кошарка, откако Кошаркарската федерација на Македонија, во соработка со ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА, ќе го организира 11-тото издание на Европската конвенција за минибаскет.

Главниот град ќе пречека бројни тренери од Европа кои работат со најмладите категории, со цел размена на знаења, искуства и современи методи за развој на детската кошарка.

Главната цел на Конвенцијата, на која се очекува учество на доста голем број на млади и на талентирани кошаркари и кошаркарки, е да им обезбеди на тренерите и организатори од различни европски федерации – алатки за успешно воведување на кошарката кај децата, а воедно да ги едуцира за важноста на здравјето и навиките за благосостојба. А неговата структура комбинира теоретски и практични сесии што ги водат искусни тренери, т.н. „ментори“.

„Оваа конвенција претставува важен чекор во нашата визија за зајакнување на основата на кошаркарската пирамида преку инвестирање во возрасната категорија од 7 до 12 години, каде што прво се развиваат страста за играта, основита на кошарката, тимската работа и спортски вредности. Преку оваа иницијатива, имаме за цел да им обезбедиме значајна поддршка на тренерите, наставниците по физичко образование и сите засегнати страни кои работат директно со нашите најмлади играчи“ – вели првиот оперативец на федерацијата, Томче Стојчевски.

Како главен дел од неколкудневното дружење во Скопје Стојчевски вели неколку важни работи:

„Клучен столб на конвенцијата ќе бидат специјализираните тренерски клиники и едукативните сесии, дизајнирани да ги оспособат оние кои ги обликуваат првите кошаркарски искуства на децата. Со подобрување на знаењето, методологијата и креативноста на тренерите кои работат во мини кошарката, директно инвестираме во идниот квалитет на нашите играчи и долгорочниот успех на нашиот национален кошаркарски екосистем“.

Практичниот дел ќе се реализира во спортската сала „Лазар Лечиќ“, додека завршниот кошаркарски фестивал ќе се одржи на Кејот на реката Вардар, каде повеќе од 300 деца и околу 80 тренери ќе имаат можност да ги демонстрираат своите вештини и да уживаат во спортски дух.

„Како круна на овој настан, последниот ден ќе бидеме сведоци на фестивал, на кој повеќе од 300 дечиња и 80 тренери ќе имаат можност да се дружат, да ги споделат и демонстрираат своите вештини.

Исто така, би сакале да ја изразиме нашата искрена благодарност до ФИБА за тоа што ни ја даде оваа можност и за препознавањето на нашата јасна посветеност на развојот на младите.

Нивната доверба и поддршка дополнително ја потврдуваат нашата заложба да посветиме поголемо внимание и ресурси на оваа клучна возрасна група, која останува срцето на идниот раст на кошарката“ – порачува генералниот секретар на кошаркарската федерација на Македонија.

Share
Written by
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер донесе засилување од БиХ: Едвин Џелиловиќ потпиша тригодишен договор

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер продолжува со градењето на тимот за новата сезона, а ново име во редовите на битолскиот клуб е босанскиот интернационалец...

Останато

ФОТО: Кавадарци добива нов спортски објект во СЦ „Јасмин“, започна изградбата на капиталната инвестиција

Започнаа земјените работи и ископот за темелите на новиот објект кој ќе биде дел од Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци, капитален проект со...

Related Articles
Кошарка

Одредени се термините за одигрување на финалната фаза од „МТЕЛ“ Супер лигата

Со цел обезбедување на регуларност на натпреварувањето, еднаквост на условите за сите...

Кошарка

Кошаркарскиот караван ќе гостува во Охрид

Овој викенд, салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде домаќин на уште...

Кошарка

Генералните секретари на европските национални федерации на работен состанок во Рејкјавик

Во рамки на настаните поврзани со Генералното собрание на ФИБА Европа, утре...

Кошарка

Шампионот во М20 кошаркарската лигата ќе биде промовиран во Гевгелија

Кошаркарскиот клуб „Кожув“од Гевгелија ќе биде организатор на завршниот турнир во М20...