Ракомет

„Паткарите“ повикуваат на победа: Струга денес по клучни бодови против „фенерџијата“ Радовиш

Сподели
ФОТО: Паткари
Сподели

Денеска покрај Охридското Езеро се очекува вистинска ракометна атмосфера, откако РК Струга од 17:30 часот во салата „Тими“ ќе го пречека составот на РК Радовиш во исклучително важен натпревар.

Повикот за масовна поддршка доаѓа токму од најверните – „Паткарите“, кои ги повикаа сите љубители на ракометот да ја наполнат салата и да помогнат во освојувањето на важните бодови.

Домашниот тим ќе има силен ветер во грб од трибините, а атмосферата се очекува да биде на високо ниво во дуел кој може да биде пресуден за текот на сезоната.

Влогот е огромен за Струга, бидејќи со евентуален триумф сигурно ќе го обезбеди местото во баражот, преку кој ќе се бори за опстанок во елитата и за следната сезона.

Иако Радовиш е последнопласиран на табелата, ваквите натпревари носат дополнителен притисок и не дозволуваат опуштање.

Сè е подготвено за ракометна битка – на теренот играчите, а на трибините „Паткарите“ кои ќе бараат победа и важни бодови за својот тим.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди...

Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21...

Ракомет

Вардар максимален по осум кола, Тиквеш се намачи со Куманово

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со максимален ефект во домашната Суперлига, додека...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!