Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Сподели
Сподели



Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а Интернационал Мастерс Куп 2026 продолжува да ја гради својата елитна приказна со ново име во фокусот. Најновиот учесник на турнирот е српскиот клуб Чукарички, кој ќе настапи со своите млади категории.

Чукарички, клуб кој оваа година одбележува 100 години постоење, е основан во Белград во 1926 година и е препознатлив по својата силна младинска школа и посветеност кон развојот на млади таленти. Нивното учество претставува голема чест за турнирот и носи дополнителен квалитет, дисциплина и натпреварувачки дух на терените.

Турнирот ќе се одржи од 22 до 24 мај во Валандово, Дојран и Гевгелија, каде љубителите на фудбалот ќе имаат можност да уживаат во вистински младински спектакл.

Покрај Чукарички, своето учество веќе го потврдија и повеќе реномирани европски клубови, меѓу кои се Црвена Звезда, Бешикташ, Панатинаикос, Гент и Фенербахче, што дополнително ја засилува конкуренцијата и го потврдува елитниот карактер на турнирот.



На турнирот ќе настапат екипи во повеќе возрасни категории (U8 до U12), со модерен формат кој вклучува групна и нокаут фаза, како и загарантирани повеќе натпревари за секој тим.

Организаторите најавуваат врвни услови за игра, професионално судење и силен акцент на фер-плеј и развој на младите фудбалери.

Интересот за учество е голем, а пријавите се веќе во тек. Поради ограничениот број на места, клубовите се повикуваат навреме да ја обезбедат својата позиција.



Спортска Мрежа – ексклузивен медиумски покровител

Спортскиот портал Спортска Мрежа ќе биде ексклузивен медиумски покровител на турнирот, носејќи комплетно покривање со вести, фотографии и видеа, со што љубителите на фудбалот ќе можат да уживаат во секој момент од ова големо фудбалско случување. Натпреварите ќе можете да ги следите во живо на YouTube каналот на Спортска Мрежа.

Со ваков состав на учесници, Интернационал Мастерс Куп 2026 сериозно најавува дека ќе прерасне во традиционален и престижен турнир, додека Валандово, Дојран и Гевгелија ќе бидат домаќини на вистински фудбалски спектакл



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Во тек се пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите...

Турнири

Отворени пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат...