Турнири

„Стоби Куп 2026“ – нов детски турнир што ветува фудбалска магија и идни таленти

Сподели
Сподели



Општина Градско во соработка со ГФК Неготино најавува организација на нов детски фудбалски турнир кој има за цел да донесе свежина и радост во младинскиот фудбал.

Станува збор за „Стоби Куп 2026“, турнир кој за првпат ќе се одржи на 23 мај и ќе ги собере младите фудбалери од генерациите 2013 до 2018 година.

Организаторите очекуваат ден исполнет со детски насмевки, фер-плеј, спортски дух и многу возбудувања на теренот, каде младите таленти ќе имаат можност да ги покажат своите вештини.

Овој турнир претставува уште една потврда за сериозниот пристап и посветеност на ГФК Неготино, клуб и академија која важи за една од најорганизираните во регионот и која континуирано продуцира млади и перспективни фудбалери.

Во однос на натпреварувањето на „Стоби Куп“ генерации 2013/2014 ќе играат форма 8+1, генерации 2015/2016 ќе играат во формат 6+1, а генерации 2017/2018 ќе играат во формат 5+1. Ќе се игра едно полувреме од 30 минути.



Пријавувањето е отворено, а сите заинтересирани може да се пријават на 078/384-154.

Официјално Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на првото издание на „Стоби Куп“, турнир кој ветува да стане нов традиционален настан, каде најмладите ќе го почувствуваат вистинскиот дух на фудбалот и ќе направат чекор напред во својот развој.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

Турнири

Познати полуфиналистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“ – четири екипи во битка за големото финале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!