Младински фудбалФудбал

(ВИДЕО) Малата Калија со големи соништа: Еврогол, талент и љубов кон фудбалот што освојува срца

Сподели
Сподели



Во време кога детскиот фудбал носи радост и искрени емоции, од Скопје доаѓа една прекрасна приказна – приказната за младата Калија Зафировска, фудбалерка која веќе сега покажува дека пред неа стои светла иднина.

Калија, родена на 1 јуни 2016 година, настапува за екипата на Спартак од Скопје, каде тренира под водство на тренерот Филип Јакимоски. Tаа рамноправно се носи со момчињата и тоа со стил. Нејзин прв тренер е Борис Чурлинов.

На еден од натпреварите во детската лига на ФФМ, Калија која има нецели десет години го привлече вниманието со неверојатна акција – неколку технички потези, одлично проигрување, а потоа и еврогол од далечина за воодушевување на присутните. Спартак славеше со 2:0 против Драчево, но моментот на мечот без дилема беше магијата на малата Калија.

Нејзината љубов кон фудбалот започнува уште од прво одделение. Денес, како ученичка која ќе го заврши четврто одделение, веќе има три години континуирани тренинзи – и тоа во машка конкуренција. Планот е да продолжи по истиот пат до 12-13 години, кога ќе се приклучи во женски фудбалски клуб.

Интересно е што Калија е единственото девојче кое учествувало на камп на Црвена Звезда во Скопје пред две години – уште еден доказ за нејзината храброст и љубов кон играта. Покрај клубските настапи, таа игра и за училишниот тим на ООУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров.



Фудбалот за неа не е само игра – тоа е страст. Нејзин идол е Кристијано Роналдо, навива за Реал Мадрид, а со секој потег на теренот се гледа желбата да биде подобра, побрза и посигурна со топката.

Во спортско семејство, каде мајката е поранешна пингпонгарка, Калија сепак го избрала фудбалот – и засега, тоа е вистинскиот избор. Интересно, нејзиниот брат Дамјан кој има седум години е голман во истиот клуб, што дополнително ја зближува со спортот и тимската атмосфера.

Калија Зафировска е доказ дека талентот, желбата и љубовта кон фудбалот не познаваат граници. Ова е само почеток на една убава приказна – приказна која допрва ќе се пишува на фудбалските терени.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!