Прва лигаФудбал

Вареловски: Нормално дека боли поразот од Силекс, можеби и требаше да ни се случи еден таков момент за да не „отрезни“

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Она што му се случи на тимот на Тиквеш на дуелот против Силекс на домашен терен во поразот од 0:3, повеќе не смее да се повтори. Кавадарчани премногу напредуваа на играчки и резултатски план пролетва и посакуваат да се вратат на патеките на успехот и да почнат нова победничка серија.

„Нормално дека боли тоа што се случи на дуелот против Силекс. Не толку поради самиот пораз, туку поради фактот што се случи во Кавадарци. Сепак, можеби и требаше да ни се случи еден таков момент за да не „отрезни“ и да се спуштиме на земја“ – изјави капитенот Александар Вареловски.

Токму затоа, Тиквеш денеска со рестартирани амбиции и мотиви заминува во Струга, каде што со домашниот тим ќе го одигра дуелот од актуелното 27. Коло.

Натпреварот почнува во 15:30 часот, а гостите имаат задача да одиграат на потребното ниво како и да освојат бодови кои дополнително ќе ја подобрат ситуацијата на табелата.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!