Ракомет

Јасухира блесна на дебито, Охрид го прегази Тиквеш и се зацврсти на второто место

Сподели
Сподели

Ракометарите на Охрид продолжуваат со одличните настапи во плеј-офот од Суперлигата, откако на домашен терен убедливо го совладаа Тиквеш со 37-20 и направија уште еден чекор кон остварување на целта – излез на европска сцена.

„Гладијаторите“ го потврдија квалитетот по големата победа во Битола, а во салата „Билјанини Извори“ доминираа во текот на целиот натпревар. Иако гостите од Кавадарци подобро го отворија мечот и поведоа со 2-0, тоа беше единствениот момент во кој имаа контрола.

Охрид брзо го презеде водството и до крајот целосно го диктираше темпото.

По првото полувреме резултатот беше 19-14, но вистинската разлика беше направена по паузата. Домашниот состав одигра феноменална одбрана и го ограничи противникот на само шест постигнати гола во вториот дел, што на крајот донесе убедлив триумф од 17 гола разлика.

Во центарот на вниманието беше новото засилување, Јапонецот Косуке Јасухира, кој имаше импресивно деби. Средниот бек постигна шест гола и додаде осум асистенции, веднаш покажувајќи дека ќе биде големо засилување за тимот. Поддршка доби од Ќосевски и Савревски, кои исто така реализираа по шест погодоци.

Кај Тиквеш, најефикасни беа Стојановски и Мијуховиќ со по пет гола, но гостите немаа решение за расположениот домаќин, особено во второто полувреме.

Со овој триумф, Охрид стигна до 44 бода и се зацврсти на втората позиција на табелата, оставајќи го зад себе Еурофарм Пелистер. До крајот на шампионатот остануваат уште пет кола, а битката за врвот и излез во Европа станува сè поинтересна.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!