Трета лигаФудбал

Превалец со „петарда“ за Влазними Јуниор, нова катастрофа на Росоман во Крушево

Сподели
Сподели

Превалец однесе убедлива победа од 5:0 над Влазними Јуниор на домашен терен, во меч каде сите работи беа решени во првиот дел кога домаќинот имаше предност од три погодоци, во рамки на денешното 20. коло на Трета лига – Југ.

Александар Јордановски го отвори резултатот по седум минути игра, а потоа стрелаа Марио Панев и Марјан Стефановски. Во второто полувреме Лука Наумов и Ѓоре Црнушев ги поставија конечните 5:0 за висок триумф на Превалец.

Росоман се „распадна“ во Крушево откако загуби со 5:1 од Питу Гули во меч на тотална доминација на домаќините, а гостинот продолжува да реди високи порази.

Јованчо Бубаќоски постигна хет-трик за домаќинот, а два гола беа дело на Унчо Бојаџиески, а пак за гостинот погоди Николчо Наумов.

Млекар со сигурни 2:0 славеше триумф над Младост од Кривогаштани благодарение на погодоците на Филип Трајкоски.

Борец се намачи во Чашка каде со голот на Теодор Мирчевски од 4. минута го совлада Башкими од Јаболчиште со минимални 0:1, со што трите бодови одат на контото на лидерот од Велес.



Неверојатен меч одиграа Ултрас и Венец – пет погодоци, а трите бодови заминаа на контото на гостинот од Долни Дисан кој беше подобар со 2:3.

Искусниот голгетер Кирил Неделков беше херојот за гостинскиот тим, со неговите три погодоци Венец ги освои трите бодови, а за домаќинот во вториот дел стрелаа Христијан Баракоски и Петар Петроски.

На врвот е Борец со 52 бодови, тимот на Превалец е втор со 46 бодови, но со меч помалку, трет е Венец со 40 бодови, но тука трката останува меѓу Борец и Превалец.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!