Ракомет

Ѓорѓески верува во нов европски поход: „Да го повториме успехот од минатата сезона!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а со неа и желбата за нови незаборавни моменти, големи победи и уште еднаш исполнети трибини во „Билјанини Извори“. Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп се подготвува за нов европски предизвик, овојпат против турскиот Спор Тото, во двомеч во кој „гладијаторите“ ќе имаат можност пред своите навивачи да го направат првиот чекор кон следната рунда. Но, зад европските амбиции стојат и одговорноста, максималната посветеност и свеста дека секој противник заслужува респект.

Голманот на охриѓани- Даниел Ѓорѓески, во разговор за „Спортска Мрежа“ ги сподели очекувањата пред двата важни натпревари и испрати силна порака до охридската публика.

ФОТО: ГРК Охрид

Европската круна носи одговорност, но и дополнителна мотивација

Минатата сезона Охрид го оствари најголемиот успех во клупската историја, освојувајќи го ЕХФ Европскиот Куп. Сега „гладијаторите“ се соочуваат со нов предизвик, а освоениот трофеј е потсетник за квалитетот на тимот, но и дополнителен мотив повторно да се прикажат во најдобро светло. Ѓорѓески е свесен дека одбраната на европскиот статус бара максимален ангажман и посветеност од целиот состав.

„Ние сме актуелни освојувачи на ЕХФ Европскиот Куп што носи дополнителна одговорност за нас, но од друга страна, тоа претставува исто така и дополнителна мотивација да дадеме сè од себе и да успееме да го повториме успехот од минатата сезона.“

ФОТО: ГРК Охрид

Фаворитската улога мора да се потврди на теренот

Охриѓани ја имаат фаворитската улога во пресрет на двомечот со Спор Тото, но во таборот на македонскиот претставник нема простор за опуштање. Турскиот состав покажа ефикасност во првото коло, па „гладијаторите“ ќе мора да бидат внимателни и дисциплинирани во текот на двата дуела. Според Ѓорѓески, цврстата одбрана и целосната концентрација ќе бидат меѓу клучните предуслови за посакуваниот исход.

„Ние сме фаворити на овој двомеч, но како што кажа и нашиот тренер- тоа мора да го докажеме на терен и да не се опуштаме туку да влеземе со 100% на овие два натпревари и да ја оправдаме фаворитската улога. Спор Тото е добра екипа која не треба да се потцени, но мислам дека со добра одбрана можеме до позитивен резултат на двата натпревари.“

ФОТО: ГРК Охрид

Ѓорѓески со повик до „Рибари“ и охриѓани: „Бидете наш осми играч!“

Поддршката од трибините е еден од важните адути на Охрид, а атмосферата во „Билјанини Извори“ во изминатиот период беше дополнителен ветер во грб за ракометарите. Голманот на „гладијаторите“ упати повик до навивачите и верните „Рибари“ да бидат покрај тимот во двата европски натпревари, со надеж дека заеднички ќе се прослави нов успех.

„Поддршката од трибините ни даваше ветер во грб на сите натпревари досега, па затоа ги повикувам охриѓани и Рибари да дојдат во што поголем број и да бидат наш осми играч на овој двомеч, и на крај сите заедно да славиме!“- завршува Ѓорѓески.

ФОТО: ГРК Охрид

ГРК Охрид го очекуваат два европски испити во кои ќе треба да ја оправда фаворитската улога и да покаже дека амбициите за нов успешен европски поход се повеќе од желба. Со максимална борба на теренот и поддршка од трибините, „гладијаторите“ ќе се обидат да направат важен чекор кон третото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Пораката од Ѓорѓески е јасна: за европскиот предизвик е потребен целиот тим, но и цел Охрид зад него!

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!