Ракомет

Чупиќ: ,,Во Нант мораме да покажеме вистински гард и став!”

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Ракометарите на Вардар 1961 вечерва го играат петтиот натпревар во Лигата на шампионите, а пред нив е тешко гостување кај францускиот Нант. Домашниот тим се бори за место меѓу најдобрите 12, додека „црвено-црните“ сè уште имаат можност да стигнат до третата позиција, но за тоа ќе им биде потребна победа во Франција и поволен исход на дуелот меѓу Мелсунген и Висла Плоцк.

Свесен за предизвикот што го очекува неговиот тим, тренерот Иван Чупиќ потенцира дека Вардар мора да покаже карактер, борбеност и вистински став, без да се задоволува само со добар впечаток на теренот.

„Сакаме да победиме и да останеме конкурентни, како што бевме досега. Знаеме дека е многу тешко да се победи во Нант. Не сакам да размислуваме дека само добро издание и добар впечаток ќе бидат доволни. Во Нант мора да се бориме, да покажеме вистински гард и вистински став, како и секогаш досега. Тоа никогаш не смее да изостане“, истакна Чупиќ.

Вардар ќе мора да се справува и со кадровски проблеми. Мо нема да патува со екипата, додека Кејта отсуствува поради вироза. Во таква ситуација, поголема одговорност ќе преземе Урош, за кого тренерот смета дека ја заслужува укажаната доверба.

„Го имаме Урош, но го немаме Мо. Тој има проблем и не патуваше со нас, па повторно остануваме со само еден десен бек. Урош сигурно ја заслужува оваа шанса. Со начинот на кој тренира и работи, како и со сè што направи минатата сезона, заслужува да игра повеќе и повеќе да ни помага. Сега, кога сме без Мо, ќе добие вистинска шанса“, нагласи стратегот на „црвено-црните“.

И покрај тешкотиите, Чупиќ очекува неговите ракометари да одговорат со максимална борбеност и да покажат дека Вардар има што да понуди и на европската сцена. За скопскиот тим, гостувањето во Франција е можност не само за важни бодови туку и за потврда на сопствениот карактер.

„Не само од Урош, туку од сите очекувам борбен и машки натпревар од наша страна. Верувам дека среда ќе биде наш ден“, порача Чупиќ.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!