Ракомет

Ројевиќ предупредува пред европската битка: Фаворитската улога мора да се потврди на теренот!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Европската круна беше освоена, но пред ГРК Охрид следува нов предизвик во натпреварувањето во кое минатата сезона испиша историја. Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп го пречекува турскиот Спор Тото во двомеч од второто коло, со јасна цел да го продолжи европскиот пат. „Гладијаторите“ ќе ги одиграат двата натпревари пред домашната публика во СРЦ „Билјанини Извори“, но свесни се дека реномето и фаворитската улога сами по себе не носат победа.

Во разговор за Спортска Мрежа, тренерот на охриѓани, Борис Ројевиќ, е свесен за одговорноста што ја носи улогата на фаворит, но предупредува дека противникот не смее да биде потценет. Турскиот ракомет бележи напредок, па Охрид ќе мора да пристапи со максимална концентрација и сериозност во двата дуела. Според стратегот на „гладијаторите“, квалитетот треба да се потврди на теренот, со вистински пристап од првата до последната минута.

„Прифаќаме дека ја имаме фаворитската улога, но тоа мора да го покажеме и да го потврдиме на теренот. Турскиот ракомет постојано напредува и сигурно нè очекуваат два сериозни натпревари. Ќе мора да бидеме максимално фокусирани и да го дадеме најдоброто од себе. Се надевам дека ќе ја имаме и поддршката на нашата верна публика, која секогаш ни дава дополнителна енергија и сила.“- изјави Ројевиќ за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Ројевиќ воедно упати порака до охридските навивачи, чија поддршка може да биде значаен фактор во двата европски натпревари. Домашниот терен и атмосферата во „Билјанини Извори“ се дополнителен мотив за актуелниот освојувач на трофејот, кој сака да го оправда европскиот статус и да направи чекор кон следната рунда.

ФОТО: ГРК Охрид

Првиот натпревар меѓу ГРК Охрид и Спор Тото е закажан за петок, 23 октомври, со почеток во 18:30 часот, а вториот дуел ќе се одигра в сабота, 24 октомври, во истиот термин, повторно во СРЦ „Билјанини Извори“. Два европски испити за „гладијаторите“, кои ќе мораат да ја оправдаат фаворитската улога на теренот и пред своите навивачи да го продолжат патот кон нов европски успех.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех на меѓународниот турнир „Грција Опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!