Ракометниот клуб Феникс Радовиш започна со својата официјална презентација во јавноста, откако беше активирана Фејсбук страницата на клубот и објавена првата содржина.
Од клубот информираат дека во наредниот период ќе следуваат повеќе детали поврзани со активностите, натпреварите и идните планови, со што постепено ќе се гради целокупната слика за новиот ракометен проект.
Воедно, преку официјалната страница беше промовирано и логото на клубот, што претставува уште еден чекор во оформувањето на неговиот идентитет.
Според информации на Спортска Мрежа, во следниот период ќе стане појасно дали клубот ќе се натпреварува само во младинските категории или ќе формира и сениорски тим.

Инаку, веќе е познато дека зад проектот стојат искусни ракометни имиња, што укажува дека станува збор за сериозна и амбициозна приказна, која има потенцијал да се развива и да заземе значајно место на македонската ракометна сцена.