Кошарка

Чаир 2030 сигурно против Ангели: Убедлив триумф за сигурен старт во плеј-аутот

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Екипата на Чаир 2030 на убедлив начин го отвори плеј-аут сегментот во „МТЕЛ“ Супер лигата, откако на домашен терен во салата „Шабан Трстена“ славеше против Ангели со 91:69.

Чаирчани уште од самиот старт ја оправдаа фаворитската улога и покажаа дека разликата во квалитет е значителна, особено ако се земе предвид дека беа на чекор до пласман во ТОП 6 фазата, додека противникот е на дното од табелата.

Домаќините подобро го отворија натпреварот и по првата четвртина поведоа со 22:15. Вториот период донесе поизедначена игра, но вистинската разлика беше направена по паузата. Во третата четвртина Чаир 2030 доминираше со 22:11 и создаде недостижна предност од 67:49, со што практично го реши победникот.

Одлична вечер имаше Тачи, кој беше прво име кај домаќините со 25 поени, седум асистенции и четири скока. Значаен придонес даде и Реџа со дабл-дабл учинок од 20 поени и 13 скока, надополнети со четири асистенции. Двоцифрени беа и Четмен со 15 поени (плус шест скока и три асистенции) и Билингсли со 12 поени и осум скока.



Кај гостите од Ангели, најрасположен беше Ренг со дабл-дабл од 16 поени и 12 скока. Стојаноски додаде 12 поени, додека Стефанов и Чучковиќ постигнаа по 10 поени, при што Чучковиќ запиша и осум скока, а Стефанов пет асистенции.

Со овој триумф, Чаир 2030 направи важен чекор кон остварување на главната цел – опстанок во елитното друштво.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Радовиш убедлив против Текстилец преку деветте гола на Васе Петров, Вардар Неготино го „прегази“ Партизан

Шестото коло на Првата ракометна лига донесе убедливи победи, голем број на погодоци, но и промена на табелата. Ланскиот суперлигаш Радовиш забележа убедлива...

Останато

Кристиан Ристески: Ова претставува огромна чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност за сите нас

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД денес ќе дебитира во Лигата на шампиони, а прв предизвик ќе биде првакот на Холандија, Орион Старс. Крушевскиот...

Поврзани написи
Кошарка

Гостивар и Феникс 2010 немилосрдни, Охрид и Вардар со нови победи во Првата кошаркарска лига

Второто коло од Првата македонска лига во кошарка донесе високи резултати, убедливи...

Кошарка

МЗТ Скопје со трет пораз во ФИБА Еврокупот, Вурцбург славеше на домашен терен

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе третиот пораз во групната фаза...

Кошарка

Кошаркарска драма во Суперлигата: Работнички остана максимален, Кожув славеше во Штип, а Куманово со триумф во Кавадарци

Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе возбудливи натпревари, драматични завршници и важни...

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!