Кошарка

МЗТ Скопје со трет пораз во ФИБА Еврокупот, Вурцбург славеше на домашен терен

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе третиот пораз во групната фаза на ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Германија загуби од Вурцбург со 87:73, во натпреварот од третото коло во групата „Е“.

Германскиот состав, предводен од македонскиот тренер Сашо Филиповски, до победата стигна благодарение на подобрата игра во второто полувреме. Првата четвртина мина во изедначена игра, со резултат 21:21, но Вурцбург во вториот период ја презеде контролата и на паузата замина со предност од 49:43.

Клучната разлика домашниот тим ја направи во третата четвртина, кога пред последните десет минути поведе со 68:57. „Металците“ не успеаја да се вратат во натпреварот, па Вурцбург рутински ја зачува предноста и славеше со конечни 87:73.

Во редовите на МЗТ Скопје, кој настапи без капитенот Дамјан Стојановски, најефикасен беше Фаракан со 14 поени, четири скока и една асистенција. Маслинко постигна 12 поени и забележа седум скока, додека Тадиќ и Николиќ средбата ја завршија со по 10 поени.

За македонскиот шампион ова е трет пораз во исто толку натпревари во групната фаза на ФИБА Еврокупот.

Следниот предизвик за МЗТ Скопје Аеродром е дуелот со кипарскиот АЕК Ларнака, кој е закажан за 27 октомври во Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на...

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!