РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Петровски: Триумфот над Бугарија е заслужен, но не беше лесно како што изгледа

Сподели
Сподели

Македонската футсал репрезентација со убедлива победа од 4:1 против Бугарија ги отвори квалификациите за пласман на Светското првенство, а еден од хероите на мечот беше голманот Антонио Петровски, кој постигна и атрактивен погодок од својот гол.

По натпреварот, Петровски во изјава за Спортска Мрежа ги сподели своите впечатоци од дуелот, потенцирајќи дека резултатот не ја отсликува целосно тежината на натпреварот.

Како го оценувате натпреварот и убедливата победа над Бугарија?

„Мислам дека натпреварот го отворивме одлично и триумфот од 4:1 е сосема заслужен. Сепак, не беше лесен меч како што можеби изгледа резултатот. Бугарија е квалитетна репрезентација што знае да биде незгодна, особено во фази кога притиска. Ние бевме фокусирани, трпеливи и ја искористивме шансата кога требаше.“

Македонија рано поведе преку Иван Крстевски, а Берат Рамадани ја зголеми предноста на 2:0. И покрај промашениот пенал на Тони Киревски, „црвено-жолтите“ имаа контрола на играта, иако противникот не се предаваше.

Колку беше тешко да се пробие дисциплинираната одбрана на Бугарија и како го доживеавте вашиот погодок?

„Бугарија играше многу дисциплинирано во дефанзива поголемиот дел од мечот и беше тешко да се најде простор. Мојот гол дојде како резултат на трпението на целата екипа.“

Во второто полувреме Бугарија намали на 2:1 преку Владимир Бахаров, но Македонија одговори во финишот – токму Петровски со несекојдневен погодок од својот гол зголеми на 3:1, пред Рамадани да ги постави конечните 4:1.



Какви се очекувањата за продолжението од квалификациите?

„Секој следен натпревар е нов предизвик и нема простор за опуштање. Групата е доста изедначена и секоја репрезентација има свој квалитет. Ќе одиме чекор по чекор, добро ќе се подготвиме за следните два натпревари и ќе дадеме максимум за да продолжиме со позитивни резултати.“

Македонија веќе утре ја очекува нов предизвик против Турција, а на 12 април ќе се соочи со домаќинот Литванија. Двете првопласирани селекции од групата ќе обезбедат пласман во главната рунда од квалификациите.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Полет со сигурна победа над Вардар Бистренци, Младост и Лозар ги поделија бодовите

Екипата на Полет од Тремник забележа сигурна победа на гостувањето кај Вардар Бистренци со резултат од 1:3, во меч од 2. коло на...

ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0 во рамките на 3. коло на Првата футсал лига. Гостинскиот тим...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

Останати репрезентацииРепрезентација

Сребро за Ведрана Тунески, македонското таеквондо има нова голема надеж!

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески од ТК Бутел оствари одличен резултат на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!