ОстанатоФудбал

Општина Струмица инвестира во иднината: поддршка за нова генерација спортски тренери

Сподели
Сподели

Општина Струмица продолжува со вложувања во спортот, откако денеска беа потпишани договори за финансиска поддршка со неколку млади спортски работници и идни тренери.

Станува збор за јавен повик за доделување средства за стекнување и унапредување на тренерски лиценци, преку кој поддршка добија Филип Муканов за стекнување УЕФА лиценца за тренер на голмани, Билјана Панеска за кондиционен и фитнес тренер, Стефан Туфекчиев за фитнес и бодибилдинг тренер и Ивана Милева за тренер по одбојка.

Младите спортски ентузијасти изразија благодарност за поддршката, потенцирајќи дека оваа помош ќе им овозможи професионален напредок и развој во нивните области.



„Сите идни млади тренери искажаа голема благодарност за поддршката од Општина Струмица, а јас им посакав многу успешни резултати“, рече градоначалникот Петар Јанков.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!