РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

ФОТО: Македонија ја декласира Бугарија, гол и за голманот Петровски!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската футсал репрезентација со убедлива победа ги отвори квалификациите за пласман на Светското првенство, откако ја совлада Бугарија со 4:1 во рамки на првото коло.

Избраниците на селекторот Газменд Хисејини одиграа одличен натпревар и доминираа во текот на целата средба. Потребни беа само две минути за Македонија да поведе, кога Иван Крстевски погоди за 1:0. Во 9. минута Берат Рамадани зголеми на 2:0, додека десет минути подоцна Тони Киревски не успеа да реализира удар од белата точка.

Во второто полувреме Бугарија се врати во игра преку Владимир Бахаров, кој во 22. минута намали на 2:1. Сепак, Македонија продолжи со силен притисок и ја потврди победата во самиот финиш.

ФОТО: Принтскрин

Во 38. минута голманот Антонио Петровски постигна несекојдневен погодок од својот гол за 3:1, а веќе во следната акција Рамадани со својот втор гол ги постави конечните 4:1.



Македонија веќе утре ја очекува нов предизвик против Турција, додека на 12 април ќе се соочи со домаќинот Литванија. Пласман во главната рунда од квалификациите обезбедуваат двете првопласирани селекции од групата.

ФОТО: Принтскрин



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

По Халкида, бодовите против Шведска добиваат поголема тежина за Македонија

Македонија го заврши ноемврискиот дел од квалификациите за ракометното ЕП 2028 со...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Два меча за четири дена, едно место за понатаму: Подмладена Македонија тргнува по првото место

Виктор Петровски ќе го почне мандатот на клупата на женската кошаркарска репрезентација...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!