Останато

Струга доби современо мултифункционално спортско игралиште

Сподели
ФОТО: Министерство за спорт
Сподели

Министерот за спорт, Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денеска го пуштија во употреба целосно реконструираното мултифункционално спортско игралиште во ООУ „Браќа Миладиновци“.

Со оваа инвестицијата на Министерството за спорт извршена е комплетна реконструкција на спортскиот комплекс, кој сега нуди современи услови за повеќе спортови – фудбал, ракомет, кошарка и одбојка. Просторот е опремен со нови реквизити и поставена е заштитна ограда, што ќе овозможи безбедно користење на игралиштето од страна на учениците и младите од Струга.

Новиот уреден простор првенствено ќе биде наменет за спортските активности на учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“, но ќе биде достапен и за пошироката локална заедница, со цел промоција на здрави навики и активно живеење.

„Сите овие проекти ги реализираме со цел да се подобрат условите во кои децата ќе може да спортуваат и да се рекреираат. Иако ова не е наменето за професионален спорт, сепак е многу важно за развојот на децата. За мене како министер и за Министерството за спорт младите се приоритет. Ќе продолжиме да градиме вакви мултифункционални игралишта коишто се бенефит за младите, но и за наставниците да имаат уреден и безбеден простор на кој учениците може да се занимаваат со спорт. Министерството за спорт во изминативе 18 месеци посветува посебно внимание на капиталните инвестиции и секогаш сме тука да помогнеме во рамките на нашите можности“, изјави министерот Борко Ристовски.

Капиталните инвестиции и вложувањата во изградба и реконструкција на спортската инфраструктура и во наредниот период ќе бидат еден од приоритетите во работата на Министерството за спорт како клучен сегмент за развој на спортот и промоција на активниот начин на живот особено кај младата популација.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ предупредува пред европската битка: Фаворитската улога мора да се потврди на теренот!

Европската круна беше освоена, но пред ГРК Охрид следува нов предизвик во натпреварувањето во кое минатата сезона испиша историја. Актуелниот освојувач на ЕХФ...

Останато

Штип УГД пристигна во Холандија за историското деби во Лигата на шампионите, познати и судиите

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД е во Холандија, каде што во среда ќе го има историскиот дебитантски настап во Лигата на шампионите. Противник...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД пристигна во Холандија за историското деби во Лигата на шампионите, познати и судиите

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД е во Холандија, каде што во среда...

Останато

Историски предизвик за Штип УГД: Македонскиот шампион дебитира во Лигата на шампионите!

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД во среда (21 октомври) ќе го има...

Останато

Газели Волеј го надигра шампионот, Јанта Волеј КВ до победа во пет сета

Бранителот на титулата, Работнички Скопје, со пораз ја започна новата сезона во...

Останато

Сушево го доби трилерот со Лирија, убедливи победи на Универзитет во Тетово и Струмица

Одбојкарите на Сушево остварија значајна победа од 3:2 против Лирија, на гостувањето...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!