Останато

Газели Волеј го надигра шампионот, Јанта Волеј КВ до победа во пет сета

Сподели
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија
Сподели

Бранителот на титулата, Работнички Скопје, со пораз ја започна новата сезона во Првата лига за жени. Актуелниот шампион загуби на гостувањето кај Газели Волеј, кои пред својата публика славеа убедливо со 3:0 во сетови (25:16, 25:23, 25:17).

Одбојкарките на Газели Волеј одиграа одличен натпревар, покажувајќи сигурност во сите сегменти од играта. Добро функционираа и во одбраната и во нападот, а во текот на целиот дуел имаа контрола врз резултатот. Работнички Скопје, кој пред десет дена го освои пехарот во Суперкупот, не успеа да одговори на играта на домаќинките. Најголем отпор пружи во вториот сет, кога се водеше изедначена борба до самиот финиш.

Највозбудливиот дуел од првиот прволигашки викенд кај дамите го одиграа Младост УГД и Јанта Волеј КВ. По речиси три часа игра и голема борба, гостинската екипа славеше со 3:2 во сетови (18:25, 26:24, 25:23, 19:25, 15:12).

Двете екипи одиграа неизвесен натпревар со многу пресврти. Посебно драматичен беше вториот сет, во кој Младост УГД имаше предност од 24:22 и две сет-топки, но не успеа да ја искористи ниту една. Јанта Волеј КВ ја искористи шансата, направи пресврт и израмни на 1:1, а потоа поведе и со 2:1 во сетови.

Сепак, домаќинките се вратија во игра и го однесоа натпреварот во решавачки тај-брејк. Во петтиот сет се водеше изедначена битка до резултат 12:12, по што гостинките направија серија поени и го потврдија триумфот.

Успешен почеток на сезоната имаше и ланскиот финалист Наковски Волеј, кој со максимални 3:0 го совлада Пелистер Волеј. Истиот резултат го забележа и освојувачот на Купот за 2026 година, ЖОК Вардар ЕМ, кој беше подобар од новиот прволигаш Фламинго Волеј.

До победа стигна и Струмица жени, која на гостувањето во Скопје славеше со 3:1 против Фит Фан Волеј.

Првото коло во женската Прва лига донесе убедливи победи на дел од фаворитите, но и голема неизвесност во дуелот меѓу Младост УГД и Јанта Волеј КВ, најавувајќи интересна сезона во македонската одбојка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!