Кошарка

Делчево и следната сезона во елитата, кошаркарките на Патриот изборија опстанок!

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

По одигрувањето на натпреварите од 6. коло во „Оролоџото“ од Шпаркасе Прва лига, се расчистија две важни дилеми – Патриот 2016 останува во елитата, додека Спорт тим се сели во понизок ранг.

Во директниот дуел за опстанок, Патриот 2016 славеше убедливо на гостувањето кај Спорт тим со 47:78 и со тоа стана недостижен за конкурентот. Делчевки одиграа одличен натпревар, особено во втората четвртина кога се одлепија на 39:22, а потоа во последниот период ја заверија победата.

Американката Скот повторно блескаше со 30 поени, осум скока и шест украдени топки, додека Крисвел додаде 21 поен. Ангеловска беше одлична во организацијата со дабл-дабл учинок (10 поени и 10 асистенции). Кај Спорт тим се истакна Митановска со 16 поени и дури 26 скока, додека Лукиќ и Динова додадоа по 14, односно 13 поени.

Во дербито на колото, Бадел 1862 го совлада Вардар со 62:59 и направи голем чекор кон третата позиција на табелата. Натпреварот беше изедначен во првото полувреме (32:31), а Вардар во третиот дел имаше и пет поени предност. Сепак, Бадел во последната четвртина направи пресврт и стигна до важен триумф.



Фримен беше лидер со 19 поени, Клири забележа дабл-дабл (14 поени и 12 скока), додека Чолакоска и Петрушевска додадоа значаен придонес. Кај Вардар, Николиќ запиша 21 поен и 10 скока, а Тасевска и Алексиќ имаа по 11 поени.

Претходно, шампионот славеше во дуелот меѓу Баскет Кам и МЗТ Бела Вода со 58:44, додека последниот натпревар од ова коло се игра во Крива Паланка, каде Пробаскет му гостува на домашниот состав.

Финишот од сезоната ветува возбудувања, но дел од картите веќе се откриени – борбата за позициите продолжува со уште поголем интензитет.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!