Ракомет

Стрмљан во последна секунда го шокира Пелистер – Охрид слави голема победа во Битола!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Дербито во Битола донесе вистинска драма и разврска во последната секунда. Со проектил од агол, средниот бек Тилен Стрмљан му донесе голема победа на Охрид над Еурофарм Пелистер со 27-26, носејќи ги охриѓани директно во битката за второто место на табелата.

Со оваа победа, Охрид стигна до 42 бода, колку што има и пелистерскиот состав, па двата тима сега се израмнети на втората позиција. Дополнително, охриѓани се во предност во меѓусебните дуели со две победи, а до крајот ги очекува уште еден натпревар – овојпат на домашен терен.

Натпреварот беше изедначен од самиот почеток, со периоди во кои и двете екипи имаа контрола, но без некоја позначајна резултатска разлика. Домаќините заминаа на пауза со водство од 13-11 и делуваше дека го диктираат ритамот, но ситуацијата на теренот се промени. Осусама Хосни рано заработи директен црвен картон, што сериозно го наруши балансот кај пелистерци.

Драмата кулминираше во последните минути. При резултат 23-23, голманот Никола Митревски одбрани пенал на Ален Ќосевски и ја остави неизвесноста жива. Во продолжение, Жарко Пешевски избори пенал кој Филип Кузмановски го реализираше за водство, но веднаш возврати Дарко Ѓукиќ за ново израмнување.

Во финишот, Пилиповиќ одбрани удар на Кузмановски, по што Лиапис во полуконтра донесе предност за Охрид (25-24), што беше сигнал за тајм-аут на тренерот Алушовски.

Дополнителна драма донесе и исклучувањето на капитенот Гоце Ојлески во 58. минута, па домаќините влегоа во самиот финиш со играч повеќе. Жарко Пешевски го искористи тоа за израмнување, но Анте Иванковиќ повторно донесе предност за Охрид, која Видомски веднаш ја анулираше.

И кога се чинеше дека натпреварот оди кон реми – сцена за херојот на вечерта. Во последните секунди, Тилен Стрмљан испрати неодбранлив удар и му донесе огромна победа на Охрид.

Ова е втор пораз за Еурофарм Пелистер на домашен терен сезонава, откако претходно во Битола славеше и Вардар.

Во следното коло, пелистерци ги очекува тешко гостување кај Вардар, додека Охрид ќе го пречека Тиквеш на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија останува лидер со три бода предност пред конкурентите, Арсими сака да фати приклучок за бегство од опасната зона

Со мечевите од десеттото коло започна вториот круг од Првата македонска фудбалска лига, коло кое не направи речиси сериозни проблеми, но овозможи дел...

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот во ВМФЛ, Пелистер и Работнички со ист број бодови, неколку екипи во сериозна резултатска криза

По осум одиграни кола Охрид и натаму е на врвот од табелата со 19 бодови на своето конто, „рибарите“ имаат бод предност во...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 го надигра Тиквеш и направи важен чекор кон плеј-офот

Еурофарм Пелистер 2 славеше над Тиквеш со 34-27 во директната пресметка за...

Ракомет

Вардар ,,гази” без грешка: седум од седум и врвот на табелата!

Вардар останува максимален во домашното првенство. „Црвено-црните“ го добија градскиот дуел со...

Ракомет

РФМ најави турнирски натпреварувања за У13 и мини ракомет, првиот турнир на 31 октомври во Скопје

Ракометната федерација на Македонија планира организирање турнирски натпреварувања за најмладите категории, со...

Ракомет

Охрид броеше до 42 против Мулти Есенс за петта суперлигашка победа!

ГРК Охрид продолжува со сигурни настапи во домашното првенство. Актуелниот освојувач на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!