Прва лигаФудбал

Алити: Ќе се бориме за секоја топка и ќе го дадеме максимумот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Денес ќе се одигра последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига, во кој на Градскиот стадион во Гостивар, Арсими ќе биде домаќин на Тиквеш. Двете екипи ќе атакуваат на важни бодови во пресметка која се очекува да донесе голема борба и возбудувања на теренот.

Во пресрет на овој натпревар, фудбалерот на Арсими, Арлинд Алити, истакна дека екипата е максимално подготвена и мотивирана да го даде својот максимум.

„Нè очекува многу важен натпревар против Тиквеш, квалитетна екипа која максимално ја почитуваме. Работевме посветено и се подготвуваме на најдобар можен начин за овој натпревар.

Свесни сме дека нè очекува тежок дуел, особено по натпреварот со Силекс, но веруваме во нашиот квалитет, во работата што ја правиме и во силата на групата. На теренот ќе излеземе со максимална концентрација, мотивација и голема желба да оствариме позитивен резултат.

Ги повикувам нашите навивачи да бидат покрај нас и да не поддржат како и секогаш. Нивната поддршка ни дава дополнителна сила и мотивација. Од наша страна ветуваме дека ќе се бориме за секоја топка и ќе го дадеме максимумот до последниот судиски свиреж”, изјави одбранбениот  играч на Арсими.

Натпреварот помеѓу Арсими и Тиквеш ќе се одигра денес со почеток во 14:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!