Прва лигаФудбал

Шкендија убедлива на дуелот со Работнички

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Шкендија оствари убедлив триумф против Работнички славејќи со 0-3 на стадионот на ФФМ. Тимот на Јетон Беќири рутински стигна до трите бода.

Шкендија поведе веќе во седмата минута. Вебстер нафрли од левата страна, Тамба од прва го пронајде Красниќи кој од непосредна близина ја погоди гредата, но беше присебен и од втор обид ја затресе мрежата.

Следната голема закана на Шкендија дојде во 24.минута. Љатифи шутираше од слободен удар од 30 метри, за малку над гредата од голот на Работнички.

Во 37.минута, Шкендија го удвои водството. Брза акција на гостите, проигран беше Тамба, кој излезе пред голманот Ондоа и рутински го совлада.

На почетокот на второто полувреме, Работнички имаше убава можност да ја намали негативата. Гаје се лизна, нововлезениот Аритон Мехмеди беше во одлична шанса, шутираше, но Гаје ја исправи својата грешка и одбрани.

Шкендија и дефинитивно го реши победникот во 71.минута. Тамба подготви шанса за Љатифи, кој со удар од 12 метри успеа да зголеми на 0-3.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!