Прва лигаФудбал

Мирко Ивановски: Потребна ни е поддршка 90 минути, се надеваме на победа

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Во пресрет на дербито со Вардар, капитенот на Пелистер, Мирко Ивановски, ја истакна важноста на натпреварот и моментот во кој се наоѓа тимот.

„Најголемото македонско дерби е вистински спектакл за целата земја – натпревар кој сите го очекуваат со нетрпение, како поради случувањата на теренот, така и поради атмосферата на трибините.

Победата во Тетово не ни донесе само три бода, туку и значаен пресврт во сезоната, особено во борбата за опстанок. Како што рече и претходно, триумф против екипа од првите четири може да биде клучен, а тоа се покажа против Шкендија, која според мене е најдобриот тим во Македонија и игра најквалитетен фудбал.

До нашите навивачи нема многу да им порачам – тие се нашиот дванаесетти играч. Очекуваме да дојдат во што поголем број и да нè бодрат до последната секунда. Дерби како ова може да се реши со една грешка или со гол во последните моменти, како што беше минатата сезона. Затоа ни е потребна поддршка сите 90 минути, а на крајот се надевам дека заедно ќе се радуваме на победата.“

Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар се игра вечерва со почеток од 20:00 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Пријателски меч на третолигашите Овче Поле и Борец

Утре ќе биде одигран пријателски меч меѓу Овче Поле и Борец, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Свети Николе со почеток...

Трета лигаФудбал

Спировски: Во недела одиме по историја во Струга, јас ветувам дека Втора лига ќе ја донесам во Могила!

Во рамки на 16. коло од Трета лига – Југозапад, љубителите на фудбалот ќе имаат можност да проследат вистинско дерби, откако второпласираната Могила...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Пријателски меч на третолигашите Овче Поле и Борец

Утре ќе биде одигран пријателски меч меѓу Овче Поле и Борец, кој...

Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе им суди на Башкими и Вардар, Александар Урошевиќ главен на Арената

Утре се играат нови два натпревари од 30. коло на Првата македонска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!