Трета лигаФудбал

Влазерими со три бода, Караорман и Кравари забележаа домашни победи

Сподели
Сподели

Влазерими од Кичево со триумф над Напредок од Ношпал со резултат од 2:3 во дуел од 6. коло на Трета лига регион 5.

За домашните погодија Владе Јанакиевски и Филип Кебаковски, а за гостинот Албулен Имери и Јетмир Баута, а пак Димитар Николоски си постигна автогол.

Влазними на домашен терен во Струга со 3:1 над Чардак Велгошти со головите на Даниел Шекуткоски, Ермир Колоња и Денис Шадов, а пак за гостинот погоди Валентин Блажески во 83. минута.

Кравари со 3:1 славеше над кичевски Напредок преку головите на Стефан Каревски, Иве Трифуновски и Хакан Алимовски, за гостинот погоди Војче Лазаревски.

Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни.

Света Троица и Преспа одиграа 2:2 во Охрид, за домаќинот двапати стрелаше Никола Угриноски, а за гостинот Мертин Шабановски, додека пак Мартин Ѓорѓиоски си постигна автогол.

Караорман на домашен терен беше убедлив над Баир Спорт со 3:0, а стрелци беа Ангел Крстески со два гола и Давид Спасески со еден гол.

Со овие натпревари се комплетираше колото кое беше отворено вчера.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското првенство во 2028 година, откако на гостувањето во Халкида загуби од...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Победа Валандово се одвои на врвот, Овче Поле со осум гола во Карбинци, „рударите“ ги освоија бодовите во Дојран

Победа Валандово го доби дербито со Академија Огражден во Ново Село со 1:0 и по 9. коло во Третата лига – Регион 3...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Илинден со 14 гола и девет од девет, БВК Коњаре испушти бодови против Беса

фИлинден ја зголеми предноста на врвот на седум бода откако го совлада...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!