Прва лигаФудбал

Марјан Секуловски: За мене најголемо дерби е Пелистер- Вардар, вечерва очекувам поддршка од навивачите

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Во пресрет на најголемото македонско дерби помеѓу Пелистер и Вардар,  кое се игра вечерва со почеток од 20:00 часот, тренерот на Пелистер Марјан Секуловски, ги изнесе своите очекувања за натпреварот.

„За мене, но и за сите љубители на фудбалот, ова е најголемото дерби во Македонија – Пелистер против Вардар, натпревар кој секогаш буди посебни емоции.

Победата во Тетово донесе многу позитивна енергија во тимот. Освен трите бода, добивме и нешто уште поважно – самодоверба. Играчите повторно веруваат во своите можности и свесни се за квалитетот што го поседуваат.

Ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број и да ни дадат силна поддршка. Таа ќе биде особено важна во моменти кога ќе се соочиме со притисок или тежок период во натпреварот. Заедно можеме да ја надминеме секоја пречка и на крајот да се радуваме на позитивен резултат.“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!