Трета лигаФудбал

Тоше Манов гази кон „Златна копачка“ во Трета лига Исток!

Сподели
Сподели

По 16 одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Исток и натаму убедливо најдобар стрелец е Тоше Манов од Овче Поле со постигнати 18 погодоци.

Манов има дури осум повеќе од Дејан Блажевски, искусниот фудбалер за Хоризонт Турново има постигнато десет погодоци и со тоа е втор најдобар стрелец.

На третото место на листата на најдобри стрелци е фудбалерот на Карбинци, Марио Атанасовски кој има девет постигнати погодоци, по осум имаат Христијан Крстов (Брегалница Делчево) и Ристо Миленковиќ (Победа Валандово).

ОХРИД КУП 2026 – ТУРНИР НА КОЈ СЕКОЕ ДЕТЕ ДОБИВА МЕДАЛ

По седум гола постигнаа Јован Дојчинов (Брегалница Делчево) и Димче Јовов (Хоризонт Турново).



По шест погодоци имаат Ристе Каралијски (Тиверија), Никола Костадинов (Победа Валандово), Славче Митовски (Светлост Зрновци) и Адријан Спасиќ (Ударник).

Четири фудбалери имаат по пет погодоци: Ѓорги Коцевски (Хоризонт Турново), Ерол Пилов (Малеш), Ѓорѓи Султанов (Овче Поле) и Александар Тенекеџиев (Ударник).



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!