Втора лигаФудбал

Христов пред Осогово: Се стремиме и работиме на тоа целиот тим подеднакво добро да функционира и во нападот и во одбраната

Сподели
Сподели

Пелистер се враќа на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, мечот од 8. коло на Втората лига против Осогово ќе го одигра под рефлектори од 18 часот.

Шефот на стручниот штаб на Пелистер, Борче Христов вели дека условите за игра се прекрасни, кој дополни дека стремат на тоа целиот тим подеднаков добро да функционира и во нападот и во одбраната.

„Да, точно е дека се враќаме на нашиот стадион. Условите за игра се прекрасни, а фудбалерите со нетрпение очекуваат да настапат пред нашите навивачи, за кои се надеваме дека ќе дојдат во што поголем број. Досега ја имаме најдобрата одбрана во лигата, но тоа е заслуга на целиот тим, исто како што е случај и со напаѓачката фаза од играта. Се стремиме и работиме на тоа целиот тим подеднакво добро да функционира и во фазата на напад и во фазата на одбрана, со што ќе имаме целосна контрола врз натпреварот“, рече Христов.

Стратегот на пелистерци истакна дека се надева дека ќе ги израдуваат навивачите.

„Секако, многу е полесно да се игра дефанзивен отколку напаѓачки фудбал, па затоа се потребни и трпение и време. Се надевам дека утре ќе успееме да ги израдуваме нашите навивачи и да ги задоволиме нивните фудбалски вкусови.“

Мечот меѓу Пелистер и Осогово се игра утре од 18 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло Илиевски добија доверба од Европската ракометна федерација и ќе бидат дел...

Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година, кое се одржува...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Конче инвестира во спортот: Започна изградбата на нова соблекувална на фудбалскиот терен

На фудбалскиот терен во општина Конче започнаа активностите за изградба на нова...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!