Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ поведе постапки против Башкими и Муарем Муарем, изречени суспензии за шестмина фудбалери и тренери

Сподели
Сподели

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлуки за поведување дисциплински постапки против ФК Башкими и две официјални лица, како и за изрекување дисциплински казни за фудбалери и тренери од домашните натпреварувања.

Дисциплински постапки се поведени против ФК Башкими поради слаба организација на натпреварот од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига против Струга Трим Лум.

Постапка е поведена и против тренерот на Башкими, Муарем Муарем, поради неовластено присуство во техничката зона за време на истиот натпревар. Дурим Хида, пак, ќе се соочи со дисциплинска постапка поради попречување на официјалните претставници на гостинската екипа при влезот во службените простории.

Покрај поведувањето на дисциплинските постапки, Комисијата изрече и казни за неколку фудбалери и официјални лица.

Ендрит Рустеми од Шкупи, Стефан Бабунски од Детонит, Трајче Ников од Кожуф и Христијан Торнески од Новаци добија забрана за настап на по еден натпревар.

Построги санкции се изречени за претставниците на Охрид. Тренерот Ромео Кочоски доби забрана за вршење функција во траење од еден месец, додека Валентин Кочоски е суспендиран на два натпревари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!