Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори со петка го доби Слободен, Конзули пресилен, реми во Радовиш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Деветтото коло на Втората женска фудбалска лига донесе триумф за Билјанини Извори со 3:5 над Слободен на „Борис Трајковски“ во Маџари.

Гостинот од Охрид уште во првиот дел најави дека бодовите одат покрај Охридското Езеро, откако преку Елеонора Митреска го отвори резултатот во 2. минута, а седум минути подоцна Стефанија Ристова погоди за 0:2.

Билјанини Извори дојде и до предност од три погодоци откако во 35. минута стрелаше Марија Јулчовска за 0:3 во Маџари. На две минути пред крајот на првиот дел Ева Андонова постигна гол против својот поранешен клуб за 1:3 на полувреме.

Во вториот дел Ева Андонова со втор гол во 56. минута намали на 2:3 и се обиде Слободен да се врати во игра, но охридскиот тим не дозволи изненадување па во финишот на мечот ги реши сите дилеми за победникот.

Во 83. минута Ивана Николоска погоди за 2:4, а во 88. минута Ристова постигна втор гол за 2:5. Две минути подоцна Андонова со свој трет гол комплетирање хет-трик за конечни 3:5.



Во Радовиш немаше победник откако Плачковица и Борец ремизираа играјќи 1:1. Гостинот од Велес преку Мине Амедова во 44. минута го отвори резултатот за водство од 0:1 на полувреме. Во вториот дел неизвесноста беше до самиот финиш, гостинот се обидуваше да креира изгледна шанса за втор гол, но во 87. минута Розета Ташкова погоди за конечни 1:1.

Лидерот Конзули се прошета до Македонски Брод каде со 0:6 го доби Порече. Непоразениот лидер беше како на тренинг, а на овој меч хет-трик постигна Марија Стојановска, по еден гол постигнаа Стефанија Перканоска, Сара Петровска и Ангела Димовска.



На врвот е Конзули со максимални 27 бодови, Билјанини Извори е втор со 19 бодови, со што поранешниот шампион од Охрид кој играше квалификации за Лига на шампиони се подготвува за бараж за влез во Прва лига.

Трет е тимот на Порече со 16 бодови, Слободен е четврти и има девет бодови, Плачковица е петта со четири бодови, а толку има и Борец.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!