Прва лигаФудбал

Работнички освои важни три бода во Струга

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Работнички оствари голема победа на гости против Струга Трум Лум, славејќи со 1-2. Тоа е шести триумф во последните седум меча за тимот на Муарем Муарем, кој сега веќе има изгледни шанси за опстанок во елитата.

Домаќинот нападна од самиот почеток, се заканија Малески, Хамза, но голманот Фабрис Ондоа и одбраната на Работнички го издржа првичниот налет.

Потоа, во првиот посериозен напад на Работнички, гостите дојдоа во водство. Топката дојде на десната страна до Јован Попзлатанов, кој сакајќи да нафрли упати директен удар кон голот, а голманот Ангелети реагираше очајно и таа заврши во мрежата. Се играше 14.минута од мечот.

Струга Трим Лум продолжи да напаѓа и по примениот гол. Во 34. минута, Арби Воша се проби по десната страна, упати силен удар и го погоди дирекот.

Пред крајот на првиот дел, уште една одлична шанса за Струга Трим Лум. По центаршутот од левата страна, Радески со глава ја спушти топката за Малески, кој зафати волеј од петерецот, но Ондоа имаше феноменална реакција и успеа да одбрани.

Струга Трим Лум израмни на стартот на вториот дел. Беше досуден пенал за домашниот тим откако Пејовиќ играше со рака во шеснаесетникот, а сигурен реализатор беше Христијан Малески во 49.минута.



Четири минути подоцна се закани Јевтоски, шутираше од десната страна, но Ондоа одбрани.

Во 64.минута, убава шанса имаше Работнички. Демири го проигра Мерџани, тој уфрли во петерецот, Фал спаси сигурен гол.

Во 78.минута Струга Трим Лум можеше до водство. Малески од десната страна подготви шанса за Бесмир Бојку, а тој промаши речиси празен гол од непосредна близина.

И потоа дојде казна. Во 85.минута, брз противнапад на Хоџа, кој шутираше, Ангелети одбрани, а потоа топката од карамбол се одби до Аритон Мехмеди кој погоди за 1-2. Тоа е негов дебитантски погодок во дресот на Работнички.



Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача да го подготви тимот за завршниот турнир на Азискиот куп, кој...

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача...

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!