Трета лигаФудбал

Влазерими убедлив против Напредок и го искористи „киксот“ на лидерот Камјани, Речица со „петарда“ за три бода!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Ништо од дербито во Кичево, Влазерими со 0:3 славеше убедливо над Напредок, а трите гола беа постигнати во вториот дел, во рамки на 16. коло на Трета лига – Запад.

Лабинот Елези во 58. минута погоди за водство на Влазерими, а во 69. минута Леонтин Бајрами постигна гол за 0:2. Во самиот финиш односно во 88. минута Елези постигна уште еден гол за конечни 0:3.

Речица ја доби голеадата против Дрита славејќи со резултат од 5:2. Двојни стрелци во високата победа на домаќинот беа Мубарек Шасивари и Емран Матоши, а еднаш погоди Зијад Јусуфи.

За гостинскиот тим двоен стрелец беше Артим Рамадани.

Реми од 2:2 на Ренова и Љуботен за делба на бодовите. Абдулахи и Ибрахими беа стрелци за домашниот тим, за гостинскиот Петровски и Билбилоски.

Убедлива победа за Вардар, трите бодови остануваат во Брвеница откако со 5:2 домаќинот беше подобар од Доброшти.



За домашниот тим Костадиноски постигна два гола, а по еден гол постигнаа Јованоски, Богдановски и Ангелески, за гостинот двапати погоди Хашими.

Неверојатен меч одиграа Џепчишти и Камјани – без победник со шест гола за конечни 3:3. Лидерот во финишот остана без трите бодови.

Агон Селмани и Дрин Рустеми погодија за 2:0 на полувреме, а во вториот дел се случи комплетен пресврт. Хузри Џемаили, Рамадан Шерифи и Ебубекир Азиз погодија за комплетен пресврт во 12 минути за 2:3. Во 90. минута Беким Садики го шокираше лидерот Камјани за гол за конечни 3:3 и делба на бодовите.



На врвот е Камјани со 37 бодови, а втор е тимот на Влазерими со 35 бодови, но тимот од Кичево има меч повеќе во однос на лидерот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!