‚Само еден гол го реши победникот на завршниот меч од 23. коло на Втората македонска фудбалска лига – Вардар Неготино со 0:1 славеше над Големо Коњари благодарение на голот на Дарко Донов.
Овој триумф беше клучен за да може Вардар Неготино и натаму да ги остави во живот шансите за обезбедување на бараж за опстанок, иако ќе биде тешко бидејќи тимот на Горан Тодорчев има десет бода негатива од Каменица Саса односно од бараж зоната.
Сега Вардар Неготино има 18 бодови за 12. место на табелата, а во следното коло ќе игра дома против Детонит Плачковица, додека пак Големо Коњари ќе гостува во Штип кај Брегалница.