Трета лигаФудбал

Службена победа за БВК Коњаре, високи победи за Еуромилк ГЛ и Пчиња

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ | АРХИВА
Сподели

Колото беше отворено вчера, а на воведниот меч Аеродром со 1:2 славеше кај Ржаничино. За домашниот тим единствен стрелец беше Огнен Здравковски, а за гостинот двоен стрелец беше Мартин Атанасовски, во рамки на 18. коло на Трета лига – Север.

Реми без голови на Куманово и Кадино (0:0), Беса од Слупчане со 4:3 го доби тимот на Отља. Фетаи и Илази беа двојни стрелци за домашниот тим, а за гостинот Реџепи погоди двапати, а еднаш Нуредини.

Лото победа за лидерот Еуромилк ГЛ кој со 7:0 го доби Башкими Љуботен. Голгетерот Орхан Мифтар постигна три гола, два гола беа дело на Хусеин Демири, а по еднаш Бакијов и Стојановски.

Убедлива победа за Беса од Сарај која продолжува со победничката форма, овој пат триумф од 4:1 над Студеничани благодарение на Амар Мустафа кој ги постигнат сите четири гола. За гостинот Неџати шабани беше единствен стрелец.

Натпреварот меѓу БВК Коњаре и Лопати не се одигра, откако гостинот не се појави на терен по чекање од 30 минути. Ова ќе биде службена победа и службени три бода за БВК Коњаре.



Пчиња славеше убедлива победа од 5:0 над Фортуна, а сите погодоци беа постигна во првиот дел. Александар Божинов ја отвори голеадата, а потоа четири погодоци постигна Немање Нешевски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!