Останато

Штип УГД и Борец ќе се борат за шампионската титула

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Одбојкарите на Штип УГД и Борец ќе се борат за шампионската титула во Првата лига мажи, откако двата тима ја потврдија фаворитската улога и очекувано, во два натпревари ја затворија полуфиналната серија на плејофот.

Штип УГД пласманот во финалето го потврди со две максимални победи над Работнички 71&22 и најави дека сезонава ќе атакува на двојната круна, мечот заврши со 0-3 (21:25, 12:25, 15:25) за тимот од градот од Исарот.

Борец, пак, стави крај на доминацијата на Струмица 47&72, која во изминативе седум години во низа ја чуваше во свој посед шампионската титула. Велешкиот тим исто како и на првиот меч и во реваншот славеше со 3:1 во сетови (25:21, 19:25, 20:25, 20:25). Во салата „Парк“ во Струмица домашните одбојкари тргнаа сигурно и поведоа со 1:0, но Борец се врати комплетно во продолжението и потврди дека ќе го одмери силите со Штип УГД и во борбата за вториот пехар сезонава.

Серијата од финалето на плејофот, која се игра во три добиени дуели, треба да стартува на средината на април, на терен на Штип УГД.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој Тримо Требње и Војводина стигнаа до значајни победи. Словенечкиот состав Тримо...

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со натпревар кој понуди неизвесност до самиот крај. Во салата „Ристе Ристески...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!