Ракомет

„Ние бевме тие кои повеќе го посакуваа европското полуфинале – за Охрид и сите овие луѓе“ – Стрмљан по историскиот успех

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид испишаа историја со пласманот во полуфиналето на Купот на ЕХФ, откако во два неизвесни и борбени натпревари го елиминираа силниот состав на Олимпијакос.

Веднаш по мечот и пласманот во полуфиналето, во изјава за Спортска Мрежа, своите впечатоци ги сподели централниот бек на Охрид, Тилен Стрмљан.

Стрмљан потенцираше дека двомечот против Олимпијакос бил исклучително тежок, но нагласи дека желбата и мотивацијата на охридскиот тим биле пресудни за историскиот успех. Според него, токму поголемата желба за пласман во полуфиналето, не само за клубот туку и за навивачите, го направила клучниот момент во овој двобој.

„Два многу тешки натпревари, како што знаевме и претходно- Олимпијакос е фантастична екипа со многу добри играчи. Но, сепак мислам дека ние бевме тие кои повеќе го посакуваа тоа европско полуфинале- за Охрид и сите овие луѓе тука..и мислам дека на крајот, тоа и пресуди во овој двомеч.”- изјави Стрмљан за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Желбата, борбата и поддршката од трибините се покажаа како клучен фактор за Охрид, кој сосема заслужено продолжува да ја пишува својата европска приказна.

Охрид покажа карактер, квалитет и победнички менталитет, а токму желбата и заедништвото го однесоа тимот меѓу најдобрите четири во Европа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Турција пресилна за Македонија: Одбојкарките со пораз на стартот на Медитеранските игри

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на Медитеранските игри во Таранто, Италија, откако на стартот од групната фаза загуби...

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита потпиша за Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на...

Поврзани написи
Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита...

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!