Трета лигаФудбал

Овче Поле сака да ја освои Пирава и да дојде до бараж за Втора лига!

Сподели
Сподели

Мега дерби ќе се одигра во Пирава меѓу Ударник и Овче Поле, тежината на мечот е голема за што е делегиран искусен прволигашки судија – Димитар Пилешков ќе го суди дербито на 16. коло на Трета лига – Исток.

Овче Поле максимално подготвен, мотивиран и во победничка форма во обид да ги освои бодовите во Пирава и со тоа да биде на чекор од баражот за Втора лига. Тимот од Свети Николе сака да го повтори успехот од сезона 2021/2022 кога беше шампион, но доживеа тежок пораз во баражот од сега веќе прволигашот Арсими.

Ударник не ја прикажува играта според есенскиот дел, а пак Овче Поле има пролетен полет и изби на врвот, до душа има два меча повеќе од Победа Валандово и пет бодови, што значи дека не е ништо решено, но „овчарите“ ги добија „калинкарите“ минатиот викенд.

За Ударник ова ќе биде последниот воз да се фати приклучок за челната позиција, со пораз ќе спласнат шансите на амбициозниот Ударник за уште една третолигашка сезона.

Мечот во Пирава стартува во 15 часот – Ударник го предизвикува лидерот Овче Поле, „овчарите“ доаѓаат по бодови од „пиратите“.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!