Втора лигаФудбал

Златна победа за Брегалница во Автокоманда, Кожуф загуби во Радовиш, без голови во Струмица

Сподели
Сподели

Екипата на Брегалница славеше минимална, но злато вредна победа од 0-1 против Скопје во дербито на 23. коло од Втората лига, одиграно на стадионот во Автокоманда. Стрелец на единствениот погодок беше Никола Талески, кој донесе три големи бода за штипјани.

Со овој триумф, тимот предводен од Влатко Костов се искачи на првата позиција на табелата со 52 бодови, колку што имаат и Охрид и Шкендија Арачиново, кои исто така запишаа победи во ова коло.

Охриѓани убедливо славеа со 3-0 над Новаци извештајот од тој меч е достапен овде, додека Шкендија Арачиново триумфираше со 2-0 на домашен терен против Тетекс. Интересно е тоа што Мартин Радуловиќ-Величковиќ Мартин си постигна два автоголови.

Поразот го оттурна Скопје на четвртата позиција со 50 бодови, па битката за врвот станува сè понеизвесна и поинтересна.

Во останатите натпревари, Беласица и Осогово одиграа без голови (0-0), додека Детонит Плачковица во драматичен меч го совлада Кожуф со 3-2, освојувајќи важни бодови во борбата за директен опстанок.

Сашо Дуков го отвори резултатот за водство на радовишани од 1-0 во 38. минута, а потоа Давид Ивановски во судиското надополнување погоди за 1-1.

Во вториот дел се случи пресврт за водство на гостинот од Гевгелија преку Ангел Кочев во 59. минута. За помалку од десет минути Филип Манасиевски и Тони Мичковски погодија за пресврт и победа на Детонит Плачковица од 3:2.

Саса со пресврт славеше убедливо на гости кај Преспа (1-4). Неџми Реџепи донесе водство за домаќинот, а потоа “рударите” од Македонска Каменица преку Бурим Алиев израмнија на 1-1, а Кристијан Чурлинов, Филип Николовски и Михаил Танчев погодија за голема и важна победа.

Слога Виница запиша прв пролетен триумф од 4-2 над Победа. Михаил Воинов погоди двапати, а по еднаш Благој Николов и Христијан Ристов. За гостинот од Прилеп стрелаа Стефан Наскоски и Марио Тасески.

Колото ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Големо Коњари и Вардар Неготино.

Борбата за врвот во Втората лига влегува во најинтересната фаза од сезоната.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот предизвик во Суперлигата против Куманово во гости, меч од 7. коло....

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман во следната фаза од ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот претставник првиот чекор...

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!